Организаторот на протестот за случајот „Монструм“, Ахмеди, на службен разговор во полициска станица

Од:

Организаторот на протестот за поддршка на обвинетите од случајот „Монструм“, Блерим Ахмеди е повикан на службен разговор во полициската станица Бит пазар, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Распитот е договорен за денеска во 12:00 часот.

Имено, во МВР беше пријавено дека ќе се одржи мирен протест за случајот „Монструм“, но демонстрациите завршија со инциденти.

Министерот Спасовски во тек на вчерашната собраниска седница рече дека за протестот во петокот има и кривични и прекршочни пријави и најави дека јавноста за тоа ќе биде информирана деновиве.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски