Орце Камчев 8 месеци ќе може слободно да патува со привремениот пасош кој го добил со амин на СЈО

Од:

Осомничениот бизнисмен Орце Камчев, во истрагата на СЈО, „Империја“, преку неговите адвокати, до судија на претходна постапка поднел  барање за издавање пасош со ограничен рок од 8 месеци важност, поради неoдоложни службени патувања како член на управен одбор и задолжителна едукација, за што доставил и докази во прилог на барањето, соопшти судот.

Судијата на претходна постапка се обратил до  надлежниот јавен обвинител во СЈО од каде добил позитивно мислење да се издаде патна исправа со ограничен рок од 8 месеци важност.

„Со оглед на добиеното позитивно мислење, судот во текот на минатиот месец,  со писмо го извести Министерството за внатрешни работи дека дава согласност да се издаде патна исправа со ограничен рок, но со важност од 6 месеци,  заклучно со последната служена обврска на осомничениот, а согласно член 41 од Законот за патни исправи, – МВР во управна постапка издава патни исправи со ограничен рок по добиена согласност од надлежниот суд“, соопшти судот.

Судот за дадената  согласност навремено го известил надлежниот орган кој издава патни исправи. Судот се правда дека во согласност со ЗКП нема  можност да не почитува согласност или предлог на надлежен обвинител и да  изрекува потешки мерки за обезбедување присуство ако истата цел може да се постигне со поблаги мерки, па во таа смисла и постапувал.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов