„Општината е како гасна комора“ – Активисти на Левица делеа маски на театарскиот фестивал во Аеродром

Од:

На театарскиот фестивал „Гола Месечина“ активисти од Левица – Аеродром и Црвена Младина изведоа герила акција со јасна порака – воздухот што го дишеме е отровен, а власта молчи, информираат од партијата.

– На присутната публика им беа поделени над 50 заштитни маски N95, симболично потсетувајќи дека општината секојдневието изгледа како да живееме во гасна комора. Особено последниве денови кога беше запалено Вардариште, Дрисла, Шуто Оризари, а вчера и погонот за рециклажа на електронски отпад и литиумски батерии кој со густ и црн чад го поклопи цело Скопје.

Маските беа порака дека граѓаните немаат друг избор освен да се бранат сами, додека институциите си ги затвораат очите. Публиката со зборовите „Токму ова ни требаше“ си ги земаше маските од активистите на Левица.

Општината под раководство на ДПМНЕ, како и државната власт, и понатаму молчат, без мерки, без препораки, без никаква грижа за здравјето на луѓето, се вели во известувањето од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски