Општина Струмица подготвена за електронски услуги на граѓаните

Од:

Работиме на развивање на електронскиот упис на деца во градинки, а следниот проект ќе биде електронско запишување на децата во училиштата и ред други услуги и документи кои се потребни на граѓаните, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на трибината за дигитализација на јавните услуги во државата што се одржа денеска во Струмица.

Одговарајќи на новинарско прашање за досегашните искуства од користењето на електронските услуги, министерот Манчевски одговори дека во моментот се нудат 128 електронски услуги од кои 70 постоеле од претходно, но биле на различни места и сега се наоѓаат на Националниот портал за електронски услуги и 58 се нови услуги.

Имаме над еден милион активни електронски идентитети на граѓаните, што значи овие граѓани поседуваат корисничко име и лозинка со кои може да се најават на сајтот и да добијат одредени услуги, но досега граѓани што побарале од било кој тип на усуги се некаде над 8 илјади.

Тоа значи дека треба да работиме и понатаму на зголемување на употребеноста на самиот портал и на сите ови системи. И тоа е една од главните причини зошто сме тука и одиме низ државата за да ги запознаеме граѓаните што се можат да добијат преку порталот и самите институции, одговори министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски информираше дека општината е подготвена за имплементирање на електронските услуги.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица