Општина Струмица објаснува за „кривиот“ кружен тек: Важна е функционалноста, а не изгледот

Од:

По големиот број реакции на социјалните мрежи и во јавноста околу изградбата на новиот кружен тек на булеварот „Ленинова“ во Струмица, поради тоа што снимките од дрон покажуваат дека „кругот“ не се наоѓа на средината на крстосницата, појаснување стигна од градските власти.

Од општината велат дека станува збор за проект кој не е завршен и е во тек на реализација, како и дека тоа не е неговиот конечен изглед.

-Се работи за асиметричен кружен тек направен врз основа на проект изработен и одобрен од сите надлежни институции и стручни лица. Потребата таквиот кружен тек да има асиметрична поставеност е воведување на посебни ленти за десно свртување од булеварот „Ленинова“ кон улицата „24. Октомври“ од „24. Октомври“ кон излезот на Струмица, а чија потреба за воведување е резултат на претходно извршени броења со користење на софтвер за броење на проток на возила кои сообраќаат во многу поголем број од централното градско подрачје во правец кон улицата „24. Октомври“ и од неа кон излезот на градот, стои во објаснувањето на Општина Струмица.

Градските власти ја замолуваат јавноста за трпение и проектот целосно да се заврши, по што ќе има време да се види неговата функционалност и намена.
Тие додаваат дека реализацијата на проектот е на барање на сите граѓани, поради големиот број сообраќајни несреќи и застои во сообраќајот кои постојат на таа крстосница и во прв план ја имале практичноста и функционалност, а не неговата симетрија.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски