Општина Струга од морални причини забранила движење со костими за капење низ чаршијата, според адвокатот Деребан нема правен основ за знаците и санкции

Од:

Забраната за движење по костими за капење низ центарот на Струга, односно од Чаршискиот мост до Градскиот пазар, била донесена заради морални и етички причини и почит кон бизнисот и граѓаните, информира Општина Струга.

Таквата одлука, произлегла од редовните средби со Комисијата за превенција пред туристичката сезона на која се дискутира за повеќе теми.

– На една од средбите покрај редовните точки беше дискутирано и за темата за носење костими за капење на јавни места. Темата беше начната како последица на повеќе пријави од страна на граѓани, кои ја изразуваат својата загриженост за движењето по чаршијата и продавниците во центарот на градот по костими за капење. Заради морални и етички причини и почит кон бизнисите и граѓаните, кои тука се движат со своите семејства превземавме мерки за предупредување при движењето по костими за капење, стои во одговорот на општинската прес-служба за причините од кои произлегла одлуката.

Од правен аспект пак, според адвокатот и член на Советот на Општина Струга Ален Деребан, немало основ за поставување сообраќајни знаци, ниту за санкционирање.

– Советот носи годишни програми и во нив има предвидено на кои места како се уредува со сообраќаен знак. Во овој случај Советот нема донесено одлука за поставување на тие знаци. Нема ниту правна основа за нивно поставување, ниту пак за санкционирање при непочитување, вели Деребан во изјава за МИА.

Општина Струга пред пет дена на официјалната фејсбук страница објави дека се забранува шетање во костими за капење низ централното градско подрачје и ги замоли гостите и туристите да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори.

Би можело да ве интересира

Обвинение за Мерко за бесправно проширување на хотелот „Дрим“

Левица: Властите – слепи и неми пред екокриминалот на струшкиот брег

Продолжи судењето против Мерко и за утре тројца за фалсификување исправа и за несовесно работење во училиштето во Велешта

Укинат факултетот за здравствени науки во Струга, Владата ја поништи одлуката од претходното владино раководство

Шаќири: Не сум основал медицински факултет во Струга, туку тригодишни студиски програми за медицински сестри

A1on

ВЛЕН: Универзитетот на Мерко, кој е на американската црна листа, доби бакшиш од министерот – aкредитација за Медицински факултет

A1on