Општина Штип и Општина Гоце Делчев од Бугарија заеднички ќе аплицираат за ИПА фондови

Од:

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски денеска се сретна со градоначалникот на Општина Гоце Делчев од Бугарија, Владимир Москов. Ова е нивна втора средба, откако претходно Бочварски беше во посета на општината Гоце Делчев.

– Денеска градоначалникот Москов и неговиот тим се во посета на нашата Општина. Ќе посетиме неколку локалитети во Општина Штип. Пред сѐ, ставам акцент на идната соработка во делот на ИНТЕРРЕГ-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. Македонија во периодот од 2014 до 2020 година. Преговараме за да аплицираме заедно и да добиеме проекти од овој фонд, со тоа што разговараме за објекти и проекти во делот на туризмот. Она што е интересно и важно за граѓаните на Општина Штип е дека ние ќе настапиме и ќе аплицираме, ќе се договараме и ќе преговараме заедно со Општина Гоце Делчев за проекти од културното наследство на нашиот град, Исарот, штипско Ново село, за енергетски ефикасни објекти, училишта, за подобрување на инфраструктурата на училиштата, како и пристапни рампи за лицата со посебни потреби. Едно општинско училиште би можело да влезе овде како проект, но сега сме сѐ уште во фаза на преговарање и разговори, рече Бочварски.

Тој додаде дека кога ќе се финализираат преговорите и разговорите јавноста ќе биде информирана за конкретните предлози.

Би можело да ве интересира

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена