Општина Кочани продава градежно земјиште

Од:

Општина Кочани објави оглас за продажба на осум градежни парцели за изградба на индустриски објекти и куќи.

Во месноста „Драчевиќ “ во Кочани се продава земјиште со површина од 1.471, 1.557 и 1.587 метри квадратни за издигнување на објекти од лесната индустрија и малото стопанство. Во зимско-рекреативниот центар Пониква се нудат две локации за изградба на викенд-куќи со површина од 1.099 и 950 метри квадратни. Дополнителни три парцели во градот се продаваат за изградба на објекти за индивидуално домување.

Почетната цена на огласеното земјиште за продажба изнесува 61 денар по метар квадратен. Заинтересираните субјекти треба да ги достават своите пријави за учество најдоцна до 5 декември (за индивидуалните куќи во Кочани), 18 декември (за индустриските објекти) и 25 декември (за викенд-куќите на Пониква). Електронските јавни наддавања се закажани за 7 декември, 20 и 27 декември.

Би можело да ве интересира

Баран во Македонија за 12,5 години затвор, таткото на Ива Михаилова зборуваше на бугарска ТВ

Горан Наумовски

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски