Општина Кочани продава 12 градежни парцели

Од:

Општина Кочани ја распиша 30. објава за отуѓување градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, со која на продажба нуди 12 градежни парцели.

Шест од плацовите се за изградба на објекти за индивидуално домување, а по три за викенд куќи на Пониква и за лесна индустрија и за откуп и примарна или финална обработка на земјоделски производи.

– Во изминатиот период граѓаните покажаа интерес за изградба на сопствени куќи, поради што парцелите што ги нудиме за индивидуално домување се наоѓаат во градот и се со просечна површина од околу 400 метри квадратни. Оние за откупни капацитети се во месноста Драчевик по околу 1.200 метри квадратни, додека парцелата за лесна индиустрија е во населбата Ќерамидница на површина од 10.000 метри квадратни, рече Марија Ѓорѓиева од Одделението за локален економски развој.

Трите градежни парцели за викенд куќи на Пониква се со површина од 450 до 650 метри квадратни.

Рокот за пријавување за градежните парцели за индивидуално домување е до 8 мај, а за останатите до 28 мај. Почетната цена за градежни парцели е 61 денар за метар квадратен.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно