Општина Кочани ќе гради спа центар по пат на јавно-приватно партнерство

Од:

Општина Кочани ќе го гради најавуваниот спа центар лоциран кај градскиот базен по пат на јавно – приватно партнерство.

За оваа намена е изработена физибилити студија во која освен општината се предвидува и инвеститор кој по пат на јавно приватно партнерство ќе вложи во изградбата, опремувањето и одржувањето на овој објект.

– Општина Кочани на една од последните седници даде соглсност за објавување повик за пријавување на заинтересирани инвеститори од земјата и странство. Договорот се планира да се додели на инвеститорот за период од 30 години. Вкупната проценета вредност на објектот кој ќе се гради изнесува 1 милион и 330 илјади евра без ДДВ од кои капиталната инвестиција изнесува околу 845 илјади евра, како и инвестицијата на закупецот во летната дискотека „Аква“ во износ од 488 илјади евра, изјави Ратко Димитровски градоначаник на општина Кочани.

Инаку, според физибилити студијата приватниот партнер ќе треба на општина Кочани да и исплаќа минимален износ од најмалку 10 илјади евра годишно, како и да склучи договор со Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ за искористување на геотерманлната вода од системот „Геотерма“ со кој стопанисува кочански „Водовод“.

Би можело да ве интересира

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош