Општина Кочани дава поддршка за мотивација на нови крводарители

Од:

По повод Денот на крводарителството во Република Македонија – 17 Март, десетина крводарители и претставници на Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска имаа прием кај градоначалникот на Кочани Николчо Илијев.

– Крводарителството е во стагнација. Минатата година планот за крводарување е реализиран со 84 проценти. Главната причина за тоа е стареењето на населението, па токму затоа работиме на мотивирање нови крводарители, рече Анета Коцева, секретар на Општинската организација на Црвен крст – Кочани.

Според Коцева, активностите се насочени кон спроведување крводарителски акции во двете средни училишта во Кочани, по претходни мотивациски сесии во кои се претставуваат благодетите на крводарителството.

Градоначалникот Илијев даде отворена поддршка во ширењето на кругот на крводарителите и мотивацијата на млади крводарители, упатувајќи посебна благодарност до крводарителите меѓу кои некои и повеќе од 60 пати дарувале крв.

Би можело да ве интересира

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош