Општина Карпош во 2021 година исплатила 90.000 евра за 199 лица од приватни агенции, а требало да ангажира само 30

Од:

Општина Карпош ангажирала 199 лица преку приватна агенција за вршење привремена работа иако со годишниот план за вработување било предвидено ангажирање на 30 лица, констатира Државниот завод за ревизија кој изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Карпош, сметка на основен буџет (637), зa 2021 година.

Во 2021 година, повеќе од десет месеци градоначалник беше Стефан Богоев, потпретседателот на СДСМ и нов директор на Царинската управа, а кон крајот на истата година го наследи Стевчо Јакимовски од ГРОМ.

Со извршениот увид и анализа на документацијата, ревизијата констатира дека Карпош во континуитет ангажира лица за извршување на работни задачи преку Приватни агенции за вработување. Нивниот просечен број во 2021 година е 199 ангажирани лица. Oд отстапените лица од приватната агенција 95 лица се ангажирани за вршење на редовни работни задачи предвидени со Правилникот за систематизација на работните места, додека 104 лица се ангажирани во делот на одржување на јавна чистота. Лицата биле ангажирани континуирано за период подолг од две години.

„Со годишниот план за вработување во општина Карпош предвидено е во текот на 2021 година да се вработат 30 лица со што утврдивме дека бројот на привремено ангажирани лица во општината е поголем од планот за вработување за 2021 година, утврдија ревизорите.

„Во 2021 година склучен е Договор за јавна набавка за отстапување на работници. Вкупната предвидена вредност изнесува 5.500 илјади денари или 90.000 евра. Кон Договорите за отстапување на работник, склучени помеѓу Општина Карпош и Приватни агенции за вработување, со Фактурите кои општината ги плаќа кон Приватната агенција за вработувања го содржат само вкупниот бруто износ за исплата и бројот на привремено ангажираните лица, во зависност од тоа дали станува збор за исплата на лица за одржување на јавната чистота или оние за извршување на работите во општинската администрација.

Останата пропратна документација кон фактурата, во смисла на точно наведување на лицата за кои се врши исплатата на фактурата нема. Оваа состојба не е во согласност со член 12 од Закон за сметководството на буџетите и буџетските корисници со кој е регулирано дека внесувањето на податоците во деловните книги на буџетите и буџетските корисници мора да се заснова врз веродостојни, вистинити и уредни сметководствени документи“, тврдат од Државниот завод за ревизија.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност кај Општина Карпош, сметка на основен буџет (637) за 2021 година, констатирани се и следниве состојби:

– плаќања на обврските со пресметки во период кога општината функционира со блокирана сметка;
– слабости и недоследности при примена на Законот за донации и спонзорства и договорите за донации;
– обврските за ДДВ од страна на општината како даночен обврзник не се измирувани во пропишаните законски рокови;
– ангажирани се лица преку приватни агенции за вработување за вршење редовни работни задачи за период подолг од две години;
– пописот на средствата и обврските е нецелосен;
– за дел од недвижниот имот (земјиште и објекти) не е запишано правото насопственост;
– за дел од објектите иако има комплетна документација не е утврдена вредноста и истите не се евидентирани во сметководствената евиденција и
– утврдени се недоследности во начинот на примена на одредбите од Законот за јавни набавки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Клиниката за очни болести наплатила 65.000 евра помалку за болничко лекување од 1.579 пациенти, утврдија ревизорите

Орце Костов

Истражување: Дел од општините имаат неважечки Генерални урбанистички планови

Орце Костов

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески