Општина Чешиново-Облешево со хуманитарна акција за поплавените

Од:

Жителите на општина Чешиново-Облешево од изутринава го посетуваат собирниот пункт пред општината во Облешево донирајки вода, прехранбени артикли и хигиенски помагала за настраданите во поплавата во Скопско и Тетовско.

Градоначалникот на општина Чешиново Облешево Костадин Личков, рече дека акцијата ја започнале од неделата вечерта кога помладите жители преку социјалните мрежи сами се организирале за помош на настраданите.

– Од вчера, а денес помасовно акцијата тече и очекуваме голем одзив на жителите од општината во донирањето помош за настраданите, изјави Личков.

Според Личков жителите на општината не ја забораваат помошта што македонскиот народ им ја пружи при минатогодишните поплави во Чешиновско и Облешевско. Токму затоа солидарноста со настраданите, истакна Личков, е голема и меѓу овдешните жители.

Општината, истакна тој, ќе ги мобилизира сите расположиви сили за вклучување во акцијата за донирање и останатите компании и фирми кои работат на нејзина територија.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници