Општина Чаир вчера во Катастар поднела антидатирано Решение за поништување на легализацијата на спорната заграда, тврди Арсовска

Од:

Наместо во истрага за криминалот, институциите во Македонија активно учествуваат, поддржуваат и поттикнуваат криминал. Општина Чаир вчера во 14.44 часот до Агенцијата за катастар на недвижнини поднеле Решение за поништување на Решението кое го издадале за криминалната легализација со фалсификувани документи што ја откривме, објави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

– Решението го антидатирале демек е направено на 02.05.2025 за да изгледа дека постапиле пред целиот криминал да биде објавен јавно, ама не можат да покријат дека вчера им е поднесен во катастар неколку часа по нашите пријави во МВР. Срамот да биде поголем во обидот за прикривање докази активно учествуваат Владата и Министерот за внатрешни работи кои наместо да “филозофираат”, треба да постапуваат за да ги фатат криминалците, а не да дозволат тие да ги покријат нивните криминали. До сега требаше да сте во општината и да ги имате обезбедено сите докази а не да им дозволувате на Висар Ганиу и Изет Меџити да си ги покриваат криминалите и да УНИШТУВААТ ДОКАЗИ!!! Јавното обвинителство мора да постапи во разоткривање на криминалот кој се случува пред очите на целата јавност, вели во објавата Арсовска која вчера беше кај спорниот објект и го повика да дојде и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу.

Арсовска во живо, на социјалните мрежи бијаснуваше дека легализацијата на објектот е направена со фалисификувани документи откако службите на Град Скопје го облике барањето за легализација.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот