Општина Центар поништи одобрение за градење на катна гаража во строгиот центар на градот

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, донесе Решение за огласување на ништовност, односно поништување на одобрение за градба на инвеститорот АНГО ДООЕЛ Скопје, за објект од втора категорија со намена за Е2 Комунална субструктура – катна гаража на улицата 11-ти Октомври.

Инвеститорот добил одобрение за градење на катната гаража на ден 26.08.2014-та година, со правосилност од 10.09.2014-та година. Законски предвидениот рок за отпочнување со градење, согласно членот 66 од Законот за градење, е 2 (две) години од правосилноста на одобрението за градење, во спротивно одобрението за градење престанува да важи.

Сѐ со цел да се запази законски предвидениот рок, на само 3 (три) дена пред истекот на рокот, односно на 07.09.2016г. инвеститорот поднесува барање за отпочнување на подготвителни работи за изградба на објектот.

Од страна на Дистрибуција на топлина БАЛКАН Енерџи Груп (БЕГ), на барање на општината, доставена е и потврда дека инвеститорот ниту поднел барање, ниту потпишал договор за дислокација на вреловодна мрежа, а која инвеститорот своевремено ја навел како причина поради која се пролонгира на отпочнувањето со градење.

На барање од општина Центар, Бирото за судски вештачења, со вешт наод и мислење, ја утврди фактичката состојба и заклучи дека на конкретната парцела не се гради никаков објект, ниту некогаш започнал да се гради.

Врз основа на добиените заклучоци од Инспекциските служби и вештачењето од Бирото за судски вештачења, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, издаде решение за огласување на ништовност на одобрението за градба и го поништи претходно издаденото одобрение за градење на катната гаража.

Би можело да ве интересира

Ќе се проценуваат ризиците од свлечишта и нестабилност пред планот за Барутана да оди на гласање, ветува Герасимовски

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?