Општина Центар: Не можеме да спречиме да се гради кај „Холидеј ин“, немаме основа да го суспендираме ДУП-от

Од:

По добивањето на мислењето од Министерството за транспорт и врски за поднесените елаборати за суспензија на плановите, тоа било разгледано од страна на градоначалникот Саша Богдановиќ и службите на Општина Центар, по што заклучиле дека рацете им се врзани и дека нема основа да се суспендира деталниот урбанистички план, што би спречило на паркингот спроти „Холидеј ин“ да се изгради голем станбен комплекс.

„Постапувајќи по Заклучок на Советот на Општина Центар, општината до Министерството за транспорт и врски достави вкупно 11 елаборати за 22 плански опфати, изработени од општинската Комисија за урбанизам. Комисијата за урбанизам на Општина Центар е истата комисија која со свои предлози и досега учествуваше во минатите активности поврзани со суспензијата на ДУП-овите во Општина Центар.

Според мислењето добиено од Министерството за транспорт и врски, поднесените елаборати не се во согласност со членот 23, став 5 од Законот за урбанистичко планирање, кој го цитира како единствен правен основ за суспензија на план.

Општинската комисија за урбанизам ги изготвуваше елаборатите со врз основ на членот 35 од Законот за урбанистичко планирање, кој ја обработува неусогласеноста на урбанистичките планови и каде се наброени причините по кои може да се суспендира план, што Министерството го отфрли како неоснован.

Во елаборатите кои Општина Центар ги достави до Министерството за транспорт и врски наведени се несовпаѓањата на параметрите на ДУП-овите со Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје 2012-2022. Во мислењето добиено од Министерството за транспорт и врски се наведува дека параметрите кои се во линиските центри со намена А,Б и В се неограничени и не влегуваат во билансите, со што тој аргумент ни беше побиен.

Во однос на неусогласувањето на регулационите линии на ГУП со ДУП, во Мислењето стои дека со тоа не се прави штета на јавниот интерес и дека во елаборатите никаде не е утврдена штета на јавниот интерес, со што Општина Центар нема основ за суспензија на плановите“, се вели во соопштението од општината.

Би можело да ве интересира

Трагедијата во Кочани ги покрена градоначалниците: контроли во угостителски објекти, проверка на училишта и градинки

Катерина Ѓуровски

Герасимовски: Општина Центар издвои еден милиони денари за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

А1он

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on