Oпштина Битола со инфраструктурна поддршка на ИЗ „Жабени“

Од:

Општина Битола продолжи со инфраструктурната поддршка и градежни активности во индустриската зона „Жабени“.

Од секторот за односи со јавност на општина Битола информираат дека во индустриската зона „Жабени“ со поддршка на локалната самоуправа се врши асфалтирање на коловозот и поставување на атмосферска канализација.

– Поради проширување на капацитетите на Фабриката „Кромберг и Шуберт“, општина Битола во моментот врши изградба на коловоз во два слоја на улица во должина од 666 метри и паркинг простор со површина од 4.000 метри квадратни. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува повеќе од 11 милиони денари. Покрај асфалтирањето, во непосредна близина на фабриката на германскиот инвеститор се врши изградба и на атмосферска канализација со вкупна вредност на инвестицијата од 2,4 милиони денари, информираа од општина Битола.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот