Општина Аеродром: Никој не е виновен што нема нови школски униформи, ќе бидат поделени до крајот на месецот

Од:

Првпат по пет години основните училишта во општина Аеродром ја почнаа школската година без да бидат поделени нови училишни униформи на учениците но за тоа  нема виновници, велат од Општина Аеродром. Униформи не добија ниту првачињата иако според досегашната пракса и нив им се делеа униформи, една недела пред почетокот на учебната година, за да можат на првиот школски час да дојдат униформирани.

Учениците не добија униформи ниту за втората недела од учебната година која почнува утре. На прашањето дали вината што школската година почна без нови униформи е на Општината или на фирмата избрана за набавка на униформите чија главна дејност, како што веќе објави „А1он“ е трговија со шеќер,  од Аеродром не одговорија конкретно.

„Не станува збор за нечија вина. Униформите ќе им се поделат на учениците до крајот на месецот, и тоа етапно по училишта почнувајќи од првачињата согласно договорот“, велат од Општина Аеродром за „А1он“.

Општинарите велат дека фирмата избрана на тендер да ги набави униформите има рок од два месеци за набавката, согласно договорот. Според податоците на Бирото за јавни набавки договорот бил склучен на 15 август, односно само петнаесетина дена пред почетокот на новата учебна година, но Општина Аеродром не појаснува зошто толку доцна го склучиле договорот ниту пак смета дека некој има вина за униформите.

За општинарите не е спорно ниту тоа што фирма чија главна дејност е трговија со шеќер е избрана за набавка на униформите. Тврдат дека е избрана во транспарентна постапка.

„Постапката се однесуваше на набавка на стока, односно готов производ што фирмата треба да го обезбеди во рок од два месеца. Тоа значи дека не станува збор за услуга за шиење униформи. Според условите од договорот, фирмата достави банкарска гаранција во висина од 10 проценти од вредноста на договорот. Секако дека фирмата ќе добие пенали доколку не ја изврши набавката во дадениот рок. Што се однесува до прашањата за дејноста на избраниот понудувач, фирмата е регистрирана со општа клаузула за бизнис. Ова значи дека има право да врши општа трговија со секаков вид стока, а не само со производи за трговија со шеќер како што е наведено во графата главна приходна шифра бидејќи таа графа се однесува на најголемиот приход што го остварила фирмата само минатата година“, објаснуваат од Општина Аеродром.

За 10.952.760,00 денари или 178.000 евра Друштвото за производство трговија и услуги „ФИВА“ ДДФ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје треба да набави 6.630 комплети униформи. Компанијата, според податоците од Централниот регистар, е регистрирана за дејноста трговија на големо со шеќер, чоколада и слатки од шеќер, а во објаснување на дејноста стои и надворешна трговија со непреханбени производи и надворешна трговија со прехранбени производи. На единствениот телефон за контакт со фирмата се вклучува телефонска секретарка.

Би можело да ве интересира

„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста“, се вели во реакција на Општина Аеродром

Заслугата за новото училиште и новата градинка е на Градоначалникот Муцунски и пратениците од ВМРО ДПМНЕ реагираат од Општина Аеродром

Левица: Муцунски ги извиси спортските клубови во Општина Аеродром

Општина Аеродром: Коалицијата СДСМ и Арсовска продолжува да шири лаги и дезинформации

Муцунски: Преку континуирани инвестиции во нова опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром

Муцунски: Со силна заложба и континуирани инфраструктурни инвестиции до поубава и помодерна општина Аеродром