Определен притвор за Груевски и за случајот „Титаник“

Од:

Судечкиот совет кој го води случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности по барање на Специјалното јавно обвинителство донесе решение согласно член 365 став 3 од ЗКП на обвинетиот експремиер Никола Груевски да му се одреди мерка притвор во траење од 30 дена, започнувајќи од негово пронаоѓање и лишување од слобода.

Мерката притвор беше побарана на минатото рочиште од страна на обвинителката на СЈО Лиле Стефановска.

Претходно, Судот одлучи на Груевски да му се суди во отсуство.

Притворот е определен по доставеното известување од Собранието дека на Груевски кој се уште се води како пратеник во Парламентот му е одземан пратеничкиот имунитет.

За Груевски исто така по барање на СЈО определено е мерка притвор и за предметите „Траекторија“, „ТНТ“ и „Насилство во Центар“.

По пресудата за случајот „Тенк“, експремиерот Никола Груевски илегално ја напушти земјата и побегна во Унгарија каде што доби политички азил.

Тој за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 000 евра е осуден на две години затвор.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Елек за спасување од „Титаник“ продаден за 906.000 долари

А1он

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски