Опозицијата побара парична казна за Канал 5

Од:

Пратениците од опозицијата го осудија потегот на телевизијата Канал 5 која вчера во неколку наврати соопшти дека паднал авион како најава за нова турска серија.

Според пратениците се работи за крајно неумесна шега и најсурово играње со чувствата на гледачите за кои оценија дека го достигна медиумското дно. Побараа од Советот за радиодифузија според член 146 за заведување и манипулирање со јавноста телевизијата да биде казнета од 200 до 300 илјади денари.

Побараа Советот да не биде селектив и да покаже исто чувство на правчност за сите медиуми. Потсетија дека само пред една недела телевизијата А2 беше затворена поради непочитување на програмскиот формат и побараа истата ажурност што ја имаа тогаш да ја практикуваат и сега.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски