ВИДЕО: Опозицијата не го поддржува новиот Закон за управување со природното и културното наследство на Охрид

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната комисиска расправа за усвојување на новиот предлог Закон за управување со природното и културното наследство на Охрид, не го поддржа усвојувањето со образложение дека предвидениот мораториум за градба во Охрид и слични мерки, Владата можела да ги спроведе и со постоечкиот Закон.

“Владата и сите надлежни институции можеа досега да донесат одлука за уривање на дивоградбите и без овој нов Закон. Во оваа фаза на Законот колку и да сакаме да бидеме конструктивна опозиција нема да го поддржиме”, рече Манаскова од ВМРО-ДПМНЕ.

Суштински промени во Законот има, и од Надзорната расправа констатиравме дека стариот Закон имаше пропусти токму во прекршочните мерки, тврди Поповска од ДОМ.

“Не треба да коментираме дали новиот Закон и во колку проценти е ист како стариот, важно е дека во него се имплементирани засилени мерки на заштита”, реплицираше Поповска.

Факт е дека Охрид се наоѓа во страшна состојба и затоа УНЕСКО бара од нас реална разработка на план со кој ќе се справиме со оваа голема криза, а одговорноста е на сите, рече Никица Корубин.

Според Корубин, ние не сме ги почитувале постоечките закони и сме го довеле Охридскиот регион во ваква состојба.

“Сите сме виновни, и локалната и извршната власт, граѓаните не се информирани а медиумите недоволно информираа јавноста. Но сега се плашам дека ако продолжуваме со напаѓање и собирање политички поени а не се концентрираме на решњнија, ќе влеземе во поголема криза. Законот треба што побргу да се донесе и да стапи на сила”, смета Корубин и нагласи дека ни е потребна странска екпертска помош за да ја вратиме довербата од УНЕСКО.

Комисиската седница е прекината заради пленарната, а за продолжението на расправата ќе известат дополнително.

Би можело да ве интересира

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид

Македонската гајда шестото нематеријално културно добро впишано на репрезентативната листа на УНЕСКО

Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото