Не наседнувајте на манипулациите, прегрнувајте се!

Од:

„Омразата која ја имате кон некои луѓе, нека не ве натера да бидете неправедни!“ – Куран, 5. Поглавје – „Ел Маида“, 8. стих

Годината 2001, уште бев дете. Заради наша заштита од судирите во нашата држава, се ставивме под заштитата на нашите роднини во Турција. Но очите и ушите ни беа свртени кон нашата родна земја. Никој не може лесно да го напушти своето родно место. Желбата ни беше што поскоро да прекинат судирите, па ние да се вратиме дома. Конечно се седнa на маса, преговорите се одржаа, договорите се направија, се дојде до согласност, па се склучи мир!..

Улицата во која ми помина детството го споредувам со Југославија. Соседи ни беа Македонците, Србите и Хрватите. Албанците, Босанците и Ромите доаѓаа во нашата улица, па правевме мешани екипи и игравме фудбал. Се разбира, стекнав добри пријателства. Караниците беа вкусот на дружбата. Во тоа време, моите комшии и нивните деца, што имаа негативен став и кажувања кон Турците, денес ја споменуваат Турција со пофални зборови. Ова го покажува патот што го изодивме во врска со корекцијата на угледот и на перцепцијата на Турците на Балканот. Оваа перцепција треба да ја зајакнеме во секоја област без да се зафатиме од летаргија…

Основното образование го завршив во ОУ „Тефејјуз“ во Скопје. На училиште обично одев со државни автобуси. Не велете дека не може да се извлечат социолошки и психолошки резултати при автобуските патувања. Да раскажам. Секогаш напред во автобусот седеа Македонци. Обично, албанските ученици и граѓани седеа во задните редови. Јас користејќи ја предноста што сум Турчин, понекогаш седев напред, понекогаш на средина, а понекогаш во задните редови. Дури и ова го покажува тешкиот психолошки период низ којшто сме поминале ние како општество. Македонците не се качуваа во автобусот со број 55, што доаѓаше од Арачиново. Во последно време забележувам дека тоа е надминато. Денес тоа многу ме радува, кога Албанците ги гледам во предните редови, а Македонците во задните. Се полнам со надеж, кога ги гледам Македонците со желба да го научат албанскиот јазик, Турците заинтересирани за босанскиот и моите другари што учат ромски.

– Предвидливоста на народот ќе ја расипе играта –

Во последниот период, се даваат политички изјави, што го оштетуваат нашето единство и нашата солидарност. Поради алчноста за власт и поради инаетот да не се предаде власта, има обид да се сее раздор во капиларите на општеството. Било претставниците на политичките партии, било на претседателско ниво, се даваат изјави, што доликуваат на атмосферата во 2001 година. Има обид нашиот народ да биде повлечен во една темна дупка.

Во овој момент, на претставниците на политичките партии со своја свест што доживеала атрофија, на државните службеници ослепени од алчност, на крадците на труд на коишто им бега сонот од стравот да не се врати правдата, на парталавите портали со обид да создадат конфликт, на недокваканите националисти со мака да не ја изгубат својата фотелја, на колумнистите што се продадени за пет пари, на сите овие сакам да им се обратам со неколку зборови: Ќе се удавите во вашата Алчност, Омраза, Стравови, Отров и Неред.

При вашето давење, не ги повлекувајте и луѓето во канализацијата каде што паѓате! Не можете да побегнете од тоа да не бидете споменувани во историјата како една црна дамка. Веќе ставете крај на вашето уништување, што го правите!

За жал, нашите турски партии не успеаја да бидат нешто повеќе од „партии-известувачи“. Наместо да ја инспирираат нашата нација да се однесува ладнокрвно, тие обратно, се натпреваруваат со префрлување муабети меѓусебе. Срамота! Голема срамота!

Во овој критичен период, нам, како народ, како вистински сопственици на оваа земја, како чесни граѓани, нам ни останува како должност да ја расипеме оваа игра. Па како можеме да ја расипеме оваа валкана, предавничка и одвратна игра? Претходниот ден, кога зборував со моите другари Албанци, реков вака: „Ти си најголемиот националист за твојата нација. Исто и јас за мојата нација. Исто и Македонецот, Босанецот и Србинот би се жрвувале за својата нација. Нема потреба некој да го докаже оваа меѓу нас. Одредени групи, заради својата политичка иднина сакаат народот да го повлечат во една темна дупка. Да не нè излаже оваа игра. Ако го поздравуваме комшијата Македонец, поздравот да го зголемиме двапати повеќе. Повеќе да го прегрнеме братот Босанец. Маката на братот Ром да ја сметаме за наша мака. Дури на овој начин можеме да ја расипеме играта“.

За време на претходно планираните, но неуспешните настани во Куманово, преку социјалните мрежи беше споделен емоционалниот говор на еден албански граѓанин. Граѓанинот, што ги повикуваше луѓето да не се наседнува на манипулациите, на крајот од видеото се прегрна со својот комшија Македонец. Како да немаше останато никој, што го немаше споделено видеото. Предвидливоста на нашиот народ уште еднаш ја расипа играта на куклите и на држачите на куклите.

Ако еднаш сме ја расипале оваа игра, уште еднаш можеме да ја расипеме!

Поздравувајте!

Прегрнувајте!

Вашите комшии гледајте ги во очи!

Заедно да ја расипеме оваа валкана игра!

Мехмед Ариф
(поет, писател и колумнист)

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска