ОМД: Во Грција се злоупотребува правото на верска слобода

Од:

Грчката влада веќе дваесет години го одбива барањето за дозвола да се изгради македонска православна црква во Аридеа (Соботско), а македонското малцинство во Грција секојдневно се соочува со комплексни процедурални казни.

Ова се посочува во најновиот извештај на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) „Злоупотреба на правото на верската слобода во Грција – со акцент на случајот на македонската православна црква“.

Во извештајот се истакнуваат примери на севкупната култура на злоупотреба на правото на верска слобода во грчкиот правен систем, искуството на имигрантите, турското малцинство во Тракија, како и случајот на македонската православна заедница во Егејска Македонија.

– Грчките свештеници одбиваат да крштеваат деца со македонски имиња, а лидерите на грчката православна црква, како што е митрополитот Антимос од Солун јавно поттикнуваат насилство врз Македонците.  Свештениците, кои се вработени во јавниот сектор создаваат мрежа на информатори да координираат со државната полиција за да се потиснат сите човекови права на Македонците во земјата, се нагласува во извештајот.

Во Грција, се посочува, не постои поделба на црква и држава, и член 3 од Уставот ја дефинира грчката православна црква како „главна религија“ во целата држава.

– Според оваа дефиниција, членовите на грчкото православно свештенството се сметаат за државни службеници, а чинот на прозелитизам или кремирање е забранет. Самиот правен систем во Грција не дозволува верска слобода за други религии освен за припадниците на грчката православна црква. За ова сведочат големиот број на обвиненија против турските муфтии од Ксанти, кои обвиненија беа  ослободени пред Европскиот суд за човекови права. Судбината на верниците на македонската православна црква во Грција е уште поочајна, потенцираат од ОМД.

Од ОМД потенцираат дека извештајот ќе биде доставен до  челеновите на американскиот Конгрес, на Стејт департментот, како и на австралискиот, канадскиот и бројни европски парламенти и изразуваат надеж дека „Атина конечно ќе воспостави еднакви верски слободи за сите грчки државјани и жители“.

– Ќе продолжиме гласно да зборуваме во име на безгласните вески малцинства во Грција, изјави претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.

Претставникот на ОМД во Грција, Евгенија Нацилиду, додаде дека  во Грција покрај економската криза има и социјална криза.

– За ова сведочи подемот на агресивната фашистичка политика во грчкиот Парламент, како и подемот на тактиките на заплашување. Некои од новосоздадените фашистички елементи тесно соработуваат со грчката православна црква. На грчкото општество му се заканува ксенофобија и нетолеранција, а ние во ОМД напорно работиме за подигање на свеста во Европа и во светот за социјалната ситуацијата во Грција, вели Нацилиду.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски