ОМД: Повикот на премиерот за помирување е закана за демократијата

Од:

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со загриженост ги следи случувањата во матичната земја, каде што премиерот Зоран Заев повика на помирување помеѓу опозицијата и власта на 61. седница во Парламентот, на која на дневен ред беше предлогот за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија предвиден со преспанскиот договор, и покрај неговото отфлање по пат на неуспешен референдум.

ОМД смета дека правна држава и демократија во служба на народот се гради единствено со конструктивна опозиција, а не со меѓупартиско помирување кое прикрива политичка трговија на интереси. Во секоја здрава демократија опозицијата е клучна во превенирање на апсолутна власт и политичко самоволие, во чие отсуство ОМД стравува дека Република Македонија би го изгубила статусот на демократска земја.

„Покрај обидот за придобивање на опозицијата, понудата на премиерот Заев за помилување на обвинетите од настаните на 27 април, право на помилување коешто единствено го поседува претседателот на Републиката и е во целосна спротивност со правата на премиерот дефинирани со Уставот, го отвора сомнежот за инструирано судство како недопустлива пракса за едно демократско уредување.

Систем во кој политичарите повикуваат на помирување, а верските службеници на политички активизам и гласање во прилог на уставните промени на државата, ОМД смета дека во голема мера се противи на сè она што подразбира демократско и секуларно уредување на земја со аспирации да стане полноправна членка на Европската Унија и НАТО“, се вели во соопштението.

Со цел градење демократски систем и правна држава, ОМД повикува на почитување на волјата на народот јасно изразена преку бојкот на референдумот, кој со излезност од 36% недвосмислено ги отфрли иставните промени предвидени со преспанскиот договор. Поаѓајќи од фактот дека референдумот, конструктивната опозиција и правното понесување на граѓанска и политичка одговорност се едни од основните принципи на демократијата, ОМД апелира на воздржаност од трговија на политички интереси под параванот на меѓупартиско помирување, правна разрешница за настаните од 27 април, како и признавање на поразот од страна на народниот суд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска