ОМД бара одложување на изборите поради коронавирусот

Од:

Како најголема организација на македонците надвор од Македонија, Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) се приклучи на повиците од јавноста во државата на одлаѓање на изборите поради коронавирусот и виталноста да се справиме со епидемијата.

„ОМД потенцираше дека одлаѓање на изборите сепак не е изговор за Државната Изборна Комисија да ги загрозува правата на македонските граѓани надвор од Македонија и да ги става нивните лични податоци на јавен увид на нивната веб-страница што е сосема спротивно на законот за заштита на личните податоци и регулациите на Европската Унија. ОМД ги информираше ОБСЕ и ОДИХР за овии случувања.

ОМД објави четири барања за лидерската средба што ќе се одвива под покровителство на Претседателот Стево Пендаровски:

Под итно, Државната изборна комисија да ги тргни личните податоци на сите 7,535 пријави од нивната веб-страница. ОМД ќе поднесе кривична тужба против членовите на ДИК доколку ова не се случи и веќе пријави жалба во Агенцијата за заштита на личните податоци“, се вели во соопштението на ОМД.

„Доколку се одложат изборите, досегашните прифатени пријави од македонските граѓани надвор од Македонија да не се поништуваат и да се воведи нов рок за пријавување на останати.

Нема причина да се трошат над 350,000 евра за да се спроведат избори надвор од Македонија. ОМД предлага да се воведи електронско гласање како други мали земји, на пример Естонија, и/или гласање преку пошта.

На крај, ОМД бара политичките партии да донесат конечна одлука да се споведе попис на населението не покасно од април 2021 година. Моментално во САД се спроведува попис на населението и во време на коронавирус повеќето од пописот се случува преку електронска форма, пошта или потполнување преку телефон. ОМД како национален партнер на Бирото за пописот на САД стои на располагање на институциите на Македонија за организирање попис во Македонија“, соопштуваат од ОМД.

Би можело да ве интересира

ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија

Конгресменката Слоткин се приклучи на групата за пријателство со С. Македонија во Конгресот

Ана Ололовска

Македонската дијаспора ѝ пиша писмо на Урсула вон дер Лајен: Отворете ги преговорите со Македонија

Жарко Настоски

ОМД бара од Бајден нов американски фокус за економски развој на Балканот и Македонија

Жарко Настоски

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Обединета македонска дијаспора: Барањата на Бугарија се непристојни и неконструктивни

Жарко Настоски