Омбудсманот отвори случај за бебето кое почина од туберкулоза – семјеството живее во добри услови

Од:

Семејството на деветмесечното бебе кое почина вчера од туберкулоза, живее во добри услови и тие не се корисници на социјална помош или детска заштита, покажал увидот од страна на центарот за социјални работи.

-Центарот за социјални работи, односно стручниот тим веднаш по излегувањето на информациите во јавноста направи увид во состојбата на семејството во рамки на надлежноста на Центарот, односно во рамки на надлежноста на МТСП. Она што е утврдено од увидот на лице место е дека семејството живее во добри услови, хигиената е на завидно ниво, како семејство не се корисници ниту на едно право од социјална и детска заштита. Единствено додека живееле во Скопје, бидејќи мајката е од Шуто Оризари, биле корисници на надомест за трето дете. Во разговорите со едниот родител, таткото, бидејќи мајката беше во болница со најмалото дете, е утврдено дека и тој и мајката се грижливи и не се утврдено пропусти во делот на грижата на родителите за детето, изјави Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Таа информира дека Народниот правобранител отворил случај и посочи дека наодите, мислењето и записникот којшто е направен од Центарот за социјални работи ќе му биде доставен на Омбудсманот и тој согласно нивните надлежности ќе си ја води постапката. Од здравствен аспект, дополни министерката, треба да постапи Министерството за здравство со нивните служби.

Тренчевска потенцира дека останатите три деца се во добра состојба. Таа рече дека тоа што е нивна обврска е сега во овој момент да работат со семејството, со училиштето и со фирмата каде што работи таткото, за да можат по подобрувањето на здравствената состојба да се вратат на училиште и да се врати таткото на работа.

-Наша обврска како Центар за социјална работа во овој момент е да работиме на интеграцијата на децата во образованието, да се грижиме да се вратат во процесот на образование, таткото да се врати на работно место затоа што само тој работи во семејството, а навистина работел и се грижел во економскиот дел и економската состојба на самото семејство, додека мајката се грижела за своите деца. Наша обврска е сега во овој момент да работиме со семејството, со училиштето и со фирмата кај што работи таткото за да можат по подобрувањето на здравствената состојба да се вратат на училиште и тој да се врати на работа. Она што морам да го истакнам е дека другите три деца се во добра состојба, со развиени хигиенски навики, добри ученици во училиштето. Значи, не се работи за запоставување на децата од страна на семејството. Семејството е стигматизирано во моментов и децата и мора да работиме на тој сегмент за да можеме да ги заштитиме од секакви понатамошни стигми од околината, вели Тренчевска.

Останатите членови на семејството се во добра општа состојба, со уреден белодробен наод, но треба се ставени на доследување затоа што сите четворица се инфицирани, иако немаат симптоми на болеста.

Смртта на деветмесечно бебе од туберкулоза на Детската клиника во Скопје отвори прашања за неговиот третман и постапувањето на клиниката при приемот, односно зошто бебето било интубирано на интезивна каде во моментот имало и други тешко болни деца.

Од Клиниката претходно објаснија дека бебето било изолирано при лекувањето, како и дека за него се грижел посебен медицински тим. Мајката исто така беше хоспитализирана.

Бебето било хоспитализирано на Детската клиника во тешка здравствена состојба на 24 февруари, и покрај напорите на лекарите, не успеа да се избори со болеста и почина.

Би можело да ве интересира

Како била лекувана Срна на Детската клиника: Родителите обвинуваат, докторите велат дека е сторено се што е потребно

Александар Тодески

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он

Детска клиника: Ревизијата е за 2022 година, за 2024 ќе се обезбеди трикафта за сите

Орце Костов

Трикафта има само за 15 од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза

Орце Костов

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски

Четиригодишното дете од Струмица е во стабилна состојба на Детската клиника во Скопје

Катерина Ѓуровски