„ОМ денес би сакале да излезат во јавноста со оптимистична изјава и искрени честитики по повод Денот на Независноста. Ние ги испраќаме честитиките до сите оние кои веруваат и верувале во Македонија, иако нешто не ни дава чувство за голем оптимизам, бидејќи како никогаш досега во славната и бурна Македонска историја не ни бил одземен сонот и идеалите како денес.
Но политичките фигуретки кои од објективни и субјективни причини не можеле да бидат дел од политичкото збиднување во деведесеттите години, учесници во борбата за независност на Македонија, затоа што некој од денешните министри биле во претшколска возраст, а некои повисоки финкционери во каква таква школска возраст, а еден меѓу нив на највисока финција, од субјективни причини и од убедување како верен до крај подржувач на Југославија, како член на СКМ и СКЈ. Истите тие денес го злоупотребуваат и носат кодот на ВМРО – ВМРО ДПМНЕ. Поради таквите навидум случајни минувачи во политиката ни ја конфискуваа мислата и на народот му наметнаа мисла која Македонија ја влече во се поголеми понижувања и срам. Тие кои успеаа да ни го одземат сеќавањето, минатото, ни наметнаа сегашност која нема една доприна точка со независноста. ОМ пред олтарот на Македонија на овој голем 8-мо септемврски ден одговараат, зошто не можеме да бидеме оптимисти и да славиме независност.
Што е денеска во Македонија независност? Дали се независни универзитете, академијата, дали таму имаме слободномислечки луѓе и колку?. Дали независноста подразбира слобода на изразување, дали ние имаме независни и слободни медиуми, дали граѓаните на Македонија имаат чуство дека живеат во држава на слободно мислење и израување, дали имаме независни институваичи и што тоа денес е независно? Дали е независна највисоката законодавна власт – Парламентот, дали независно одлучува? Дали е независна извршната власт – Владата на РМ и дали независно одлучува? Дали е независна судската власт во РМ која во последните години пред очите на целата македонска и светска јавност организира монтирани процеси осудени од целокупната домашна и меѓународна јавност? И тоа не допира до нив, односно продолжуваат – „остваруваат“.
ОМ јасно го одредија својот пат, иако денес не изразуваме оптимизам поврзан со македонската реалност или сегашност, сепак ние силно веруваме во Македонија и ја продолжуваме борбата за независност и слобода што е безвремен процес“, се вели во соопштението на Обединети за Македонија.