ОМ: Праксата на судството со заштитните сведоци може да предизвика апсење на секој граѓанин во државата

Од:

„Денешното рочиште на судењето со случајот „Ровер“ против Претседателот на нашата партија Љубе Бошкоски е уште еден претседант од многуте кои се наметнати од страна на партиското судство кое добива директни наредби од наредбодавачот Груевски и групата околу него, а тоа е доказ со што судот не прифати, јавноста да присуствува на испитувањето на заштитниот сведок,одбивањето на останатите барања сведокот да се соочи директно со Љубе Бошковски.

– Обединети за Македонија ќе ги бара сите правни рамки во однос на невиноста на Претседателот Љубе Бошкоски, со што ќе ја докаже вистината. Ваквата пракса на судството со заштитните сведоци може да предизвика апсење на секој граѓанин во државата со што оваа власт ги крши човековите права.

– Полициско – судско монтиран процес на власта врз Бошкоски е стравот од неговото постоењето на политичката сцена при бидејќи неговите говори за не демократијата која владее во државата уште пред три години, сега стануваат вистинска слика со последните настани врз демократијата во државата.

– Обединети за Македонија ја повикува диктаторската власт да се вразуми од секојдневните глупости кои ја водат земјата во хаос и да прекинат обвинувањата кон Бошкоски, затоа што се наближува крајот на нивното владеење а, за сето ова ќе ги повикаме на одговорност пред меѓународните судови и јавноста на Република Македонија“, изјави Д-р. Јагода Н. Митревска, Потпретседател на Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

Испукани три куршуми кон таткото на киднапираниот Самоил, еден го погодил во глава, еден во рамо: Костадиновски ќе биде опериран

Орце Костов

(ВИДЕО) Детали за инцидентот во Лисиче: Напаѓачот пукал кон таткото на Самоил, паднал од мотор и избегал

Орце Костов

Едно лице пукало пред домот на Самоил Костадиновски, повредениот е во болница, потврдија од МВР

Орце Костов

Пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

А1он

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат

ВИДЕО: Го бара ли некој киднапираниот Самоил – И по еден месец се уште ни трага од него

Анита Петровска Рајковиќ