ОМ: Неотповиклива оставка на Пешевски

Од:

„Обединети за Македонија најостро го осудува вчерашното однесување на потпретседателот на владата, Пешевски и бара негова неотповиклива оставка, а воедно и најстрого правно санкционирање, бидејќи од позиција на највисок државен функционер не смее да си дозволува своеволно делење на правдата врз било кое друго лице.

Реакцијата на ДПМНЕ за негово правдање ја оценуваме како незаконска и мафијашка.

Воедно го поддржува завчерашниот постигнат договор меѓу опозицијата и власта за формирањето на Влада без Никола Груевски, како успех на целата опозиција и целата меѓународна заедница за да се скрши диктаторското јадро на овој режим.

Претстои многу работа до претстојните предвремени парламентарни избори во 2016-та година. Но, Обединети за Македонија уверува дека тогаш и дефинитивно ќе му се стави крај на владеењето на овој режим. Народот токму тогаш и ќе го казни, за да никогаш и не помислат да се вратат на политичката сцена.

ОМ заедно со сите коалициони опозициски партнери, предводени од СДСМ, ќе се залага во периодот кој ни претстои, за да на чесен начин се организираат изборите, зошто навистина во Република Македонија има и чесни луѓе, кои и сакаат добро на татковината, кои не мислат за криминални активности.

Од голема важност за сите нас ќе биде претстојниот избор на новиот независен јавен обвинител, кој ќе треба да ја врати и довербата и кредибилитетот во сопствената институција, за да никогаш повеќе не се повторат случаи како оној со нашиот лидер Љубе Бошкоски“, се вели во соопштението на ОМ.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска