Коалицијата Обединети за Македонија и Достоинство до Собранието поднесе иницијатива за донесување закон за амнестија на Љубе Бошкоски.
Како што рекоа од двете партии Љубе Бошкоски веќе има поминато во затвор една година и четиринаесет дена, а „доколку се пресмета и времето кое го има поминато во притвор во Пула и во Хаг, Бошкоски е над 5 годиние во затвор без никаква кривица“.
Според Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство, законот за амнестија не е ништо ново во Република Македонија бидејќи и претходно се донесени закони за амнестија, за Руфи Османи, за припадниците на ОНА и закон за амнестијата на граѓаните кои не ја извршиле воената обврска и едно автенетично толкување на законот за амнестија на припадниците на ОНА со кое се ослободени од обвинението за дела против човештвото.