Конечен договор е постигнат вечерва помеѓу лидерите на политичките партии. На средбата во Клубот на пратеници е договорено нов министер за внатрешни работи да биде Оливер Спасовски, сегашниот генерален секретар на СДСМ, а Фросина Ременски да биде нов министер за труд и социјална политика.
Според договорот што го постигнаа лидерите, со законот за влада замениците министри ќе имаат право на вето но само за прашања кои се однесуваат на изборите, а спорните толкувања ќе ги решава ДИК.
Постигнат е и договор за Законот за бомбите со кој се пропишуваат казни за медиумите кои што ќе објават материјали со кои се загрозува приватноста на луѓето, но не и за материјали кои се однесуваат на оние кои извршуваат јавни функции.