ОЛИВЕР & ОЛИВЕР = Црно-бела рашомонијада + нагон за блуење

Од:

Дуелот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов ја исфрли на површина нефункционалноста на воспоставениот систем со Договорот од Пржино.

Срамно и жално беше да се гледа како и двајцата се спуштија на ниво на дечиња во предучилишно образование при што повеќе од еден час и петнаесеттина минути пред јавноста ја покажаа сета рашомонијада која постои во МВР. Видовме и слушнавме два субјективни погледи на една иста работа кон која секој има дијаметрално различен, но лично за себе оправдан став. Жално беше да се гледа и слуша за какви недоразбирања се работи.

Бидете сигурни дека и во останатите министерства каде имаме министри и дополнителни заменици министери ситуацијата е иста или пак уште полоша. Прв бев кој укажа дека ваквото решение ќе доведе до паралелизам во министерствата и нивна нефункционалност а со тоа и нефункционалност на целиот систем.

И сега сите ние очекуваме од Владата на чело со безличен и сервилен технички премиер и вакви министри и дополнителни заменици министри да спроведат фер и демократски избори.
СЕГЕМЕНТИ ОД СРАМНИОТ ДУЕЛ:

• наредба биографијата да биде објавена, наредба за копија од деловодна книга,
• мое затварање во кабинетот и цензурирање,
• ваков каков што сте ве стумилирам и понатаму да правите иста вака,
• треба да имате малку култура, треба да имате домашно воспитување,
• Ти г-не Оливер,
• си бил член на ДПМНЕ,
• тоа Ви го кажа КМ кој од Обединети дојде кај вас во СДСМ,
• исто како што Вие лажете цело време г-не Спасовски,
• треба да имате малку основна култура и воспитување,морав тоа да ви го кажам у очи, јас имам одлично домашно воспитување,
• си бил многу добро знам кога си бил и сме стоеле заедно на плоштадот у Куманово и си зборел против Никола Груевски исто толку жестоко колку што јас сум зборел против него,
• доселен од Паланка у Куманово, не од Кратово у Паланка,
• не бев член на ниедна политичка партја кога настапував во ГДОМ
• од табула раза не се учи, секретар од Општина Куманово неможе да учи професор……
И КАПАК НА СЕ:
• ,,кога ке дојде Хан се ќе му кажеме” или ,,мојата покана да бидам министер во Владата на ВМРО ДПМНЕ беше израз на почит на мојата професионалност и искуство во работа во МВР”

И ДОДЕКА ПАРТИСКИТЕ ТАБОРИ СЕ НАДМУДРУВААТ КОЈ ПОБЕДИЛ ВО ПРИЗЕМНИОТ И СРАМЕН ДУЕЛ, НА НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ГРАЃАНИТЕ ИМ СЕ ПРЕВРТУВА ВО ЖЕЛУДНИКОТ.

Јове Кекеновски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Единствена Македонија: На 15 јули ќе завршиме со предавствата и бандитизмот на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кекеновски: Укинување на имунитетот на носителите на јавни функции

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

Кекеновски: Да се воведе кризна состојба во целата држава и да се одложат изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев, Кекеновски и „Тврдокорни“ со здружени сили ќе бараат гласови на изборите

Искра Манојлоска

Кекеновски: Како тоа никогаш Северна секогаш Македонија, a Мицкоски не го спречи Преспанскиот договор

Татјана Ташкова