Кекеновски: Како тоа никогаш Северна секогаш Македонија, a Мицкоски не го спречи Преспанскиот договор

Од:

„КАКО ТОА НИКОГАШ СЕВЕРНА СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА КОГА:

– наметнатнатиот лидер и раководство свесно не ја спречија промената на името,

– 8 нивни пратеници гласаа за промена на името, а други чекаа да им кажат како да гласаат,

– наметнатиот лидер во емисија кај Јанко „Јади бурек” јавно призна дека Преспанскиот договор и променетото име се реалност и за да не биде лицемерен (бидејќи земал плата од државата) ке го почитувал тоа,

– поради немање јасен и цврст став на партијата по однос на Преспанскиот договор по чие потпишување се промени името на нашата држава скоро половина членство гласаше на референдумот,

– нивниот лидер во 11.55 се одлучува да не излезе на референдумот. Дотогаш калкулираше и чекаше да види каква е излезноста.

– цело раководство постојано пелтечи дека доколку освојат 2/3 од вкупниот број пратеници ќе го врателе името, иако знаат дека тоа ни практично ниту теоретски е можно.“ праша професорот Јове Кекеновски преку објава на „Фејсбук“.

„РЕЗИМЕ: Безобзирна и бесрамна лага и манипулација бидејќи воопшто не размислуваат за враќање на името и поништување на договорот. И сега (најверојатно по налог од врвот) скандираа – НИКОГАШ СЕВЕРНА СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА. И ударно таа сцена ја пласираат во медиумите.
СО ЛАГИТЕ И МАНИПУЛАЦИИТЕ ОВИЕ НАМЕТНАВИВЕ КОИ ДПМНЕ ГО ПРЕТВОРИЈА ВО ДПСМНЕ СЕ БЕТЕР ОД ЗОРАН ЗАЕВ.“, заклучи Кекеновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема