Олеснета постапката за донациите за справување со коронавирусот

Од:

Министерството за правда подготви уредба за да ја олесни постапката на донаторите во нивните хумани намери да донираат на буџетските корисници за тие полесно да се справат со состојбите предизвикани од коронавирусот Ковид-19.

Според новата Уредбата со законска сила за примена на Законот за донации и за спонзорствадонаторите не треба повеќе да поднесуваат барање за потврдување на јавен интерес до Министерството за правда, бидејќи за овој вид на донации со уредбата е утврдено дека се од јавен интерес.

„Тоа значи дека донаторите за да остварат даночно олеснување за овој вид на донации, до Управата за јавни приходи не треба повеќе да доставуваат копија од решение на Министерството за правда за потврден јавен интерес на донацијата, како што беше досега.За сите други донации, донаторите ќе можат барањето за потврдување на јавниот интерес и придружните документи да ги доставуваат до Министерството за правда и во електронска форма, а Министерството ќе може да ја спроведува оваа постапка и по електронски пат, што досега не беше законски признаен начин на спроведување на постапката“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

МП: Протестот е демократско право, но загрижува улогата на опозициска партија и обидот за манипулација

А1он

„Не го допирајте законот за јазиците“, порака од протестот за полагање правосуден на албански

Протест на студентите за полагање правосуден испит на албански јазик

Катерина Ѓуровски

Материјалите не биле преведени на албански, одложена конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство

Владата го утврди Предлог – Законот за Советот на јавните обвинители

Министерството за правда бара партиите и независните групи да номинираат претставници за работната група за Изборниот законик