ОКТА со дренажен канал ќе ги регулира подземните води во Бујковци

Од:

Во рафинеријата ОКТА денеска беше пуштен во функција подземниот дренажен канал со должина од 600 метри до населеното место Бујковци и ОКТА со кој се регулира нивото на подземните води.

„Со инвестиција од над 80 илјади евра се спречува можноста од поплавување на имотите и домаќинствата во Бујковци. Истовремено, доколку се укаже потреба постои можност за пречистување на овие води преку пречистителната станица на ОКТА со што значително се придонесува за почиста и поздрава животна средина“, рече главниот извршен диркетор на ОКТА Атанасиос Паспалиарис по пуштањето на каналот во функција.

Жителите од Бујковци се задоволни од разбирањето на нивните проблеми од страна на новиот директор на ОКТА, но сметаат дека дренажниот канал нема да ги реши нивните проблеми, бидејќи и во моментов има вода во нивните подруми. Велат дека не е ископан каде што треба и посочуваат дека никој нив не ги прашал каде треба да се направи.

Би можело да ве интересира

„Окта“ го продолжува попустот од три денари за дизел и два денара за бензините за литар до крајот на месецот

ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април

„Макпетрол“ со став дека намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволна

Окта дава попуст на купувачите на горива, Владата очекува да се намалат крајните цени

Во ОКТА отворен првиот тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати

A1on

ОКТА со донација од 50.000 евра ќе го поддржи здравствениот систем

Ана Ололовска