ОКТА со донација од 50.000 евра ќе го поддржи здравствениот систем

Од:

Компанијата ОКТА преку донација на медицинска опрема во вредност од 50.000 евра ќе го поддржи здравствениот систем во справувањето со епидемијата предизвикана од коронавирусот.

Компанијата, како што соопшти денеска, веќе набави еден видео бронхоскоп и 16 инфузиони пумпи, апарати кои од Министерството за здравство беа посочени како неопходни во моментов. Целата набавена опрема деновиве ќе биде испорачана на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

-Во време кога на глобално ниво е навистина тешко да се најде соодветна медицинска опрема, ние како компанија направивме напори да ги обезбедиме овие апарати во најкус можен рок. Борбата со вирусот не е обврска само на здравствените работници туку на сите чинители во општеството. Токму затоа, ОКТА како општествено одговорна компанија помогна директно на здравствениот сектор кој вложува огромни напори за справување со вирусот и за спасување на лицата заразени со COVID-19, истакна Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

Од компанијата посочуваат дека во целост ги почитуваат препораките на надлежните институции за превенција од ширење на коронавирусот и секојдневно го следи развојот на настаните, истовремено обезбедувајќи непрекинато снабдување со гориво на државата во овие моменти на криза.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Пуцко Петрол на Исмаил Јахоски од ДУИ повторно купи акции во ОКТА, сега има удел од 11 отсто

Орце Костов

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

Орце Костов

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

ОКТА со растечки тренд на домашниот и странскиот пазар

А1он