Околу 70% од лицата без државјанство во Македонија се Роми

Од:

Во Македонија повеќе стотици граѓани се апатриди (лица без државјанство) од кои над 70 проценти се Роми, покажува извештајот „Ромите припаѓаат – Бездржавјанство, дискриминација и маргинализација на Ромите во Западниот Балкан и Украина“, претставен денеска во Скопје.

Македонското здружение на млади правници со работа на терен од 2010 година досега имаат идентификувано 664 случаи на бездржавјанство, како незапишано раѓање и лично име и лица кои немаат регулирано државјанство, од кои околу 70 проценти се Роми, се наведува во извештајот.

Според Нина Мариј од Европската мрежа на бездржавјанство, во Европа има над 600.000 луѓе без државјанство и а низ целиот свет нивната бројка изнесува над 10 милиони лица.

– Поради недостигот на документи голем број од ромската популација живее без државјанство и не можат да го докажат својот идентитет и националност. Бездржавјанството значи да се живее без националност, без држава и претставува правна аномалија. Лицата без државјанство се соочуваат со големи тешкотии да ги остварат своите фундаментални права за образование, здравствена заштита, работа и слобода на движење, рече Мариј.

Во извештајот се наведува дека во Македонија според официјалните статистики живеат 53.879 Роми или 2,7 проценти од вкупното население.

Извештајот е подготвен од страна на Европскиот центар за ромски права, Институтот за бездржавјанство и инклузија и Европската мрежа за бездржавјанство, во соработка со националните проектни партнери Општеството за правна помош од Албанија, здружението Вашите права од БиХ, Македонското здружение на млади правници, Млади Роми од Црна Гора, Праксис од Србија и Десетти април од Украина.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска