Околу 70 камиони заглавени на Евзони, чекаат влез во Грција

Од:

Околу 70 товарни возила чекаат влез во Грција на преминот Евзони. Поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, од два часот ноќеска не им е дозволено да ја преминат границата.

Како што соопшти МВР, утринава е остварен контакт меѓу раководителот на смена на Полициската станица на граничниот премин Богородица со раководителот на смена на граничниот премин Евзони во врска со застојот.

– Од страна на грчките полициски службеници е добиено известување дека од 2:00 часот не им се дозволува на тешките товарни возила влез во Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ