А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Околу 25 илјади верници во манастирот Св.Јоаким Осоговски

by А1он29/08/2014 - 13:18205
Share0

Манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски од Крива Паланка за време на празнувањето на Успение на Пресвета Богородица и споменот на патрон-светецот Свети Јоаким Осоговски, кој се празнува денеска, го посетија над 25.000 верници.

Добивај вести на вибер

Во двата празнични дена, како што информираат од Кумановско-осоговската епархија, верници од сите краеви на Македонија доаѓаа во манастирот, а најбројни беа верниците од соседните градови, но и од Скопје, Струмица, Кочани, Свети Николе, Велес.

– Во храмот на манастирот Св.Јоаким Осоговски утринава се служеше света Божествена литургија со која чиноначалствуваа митрополитот Кумановско-Осоговски Јосиф и Митрополитот Тетовско – Гостиварски Јосиф. По литургијата владиците осветија вода во дворот на манастирот, изјави отец Игор Здравковски, од Кумановско – Осоговската епархија.

Инаку, како што информираа од Општинската организација на Црвениот Крст од Крива Паланка, во текот на вчерашниот ден во старата училишна зграда во комплексот на манастирот се одржа крводарителска акција. – На акцијата беа собрани 28 единици крв, а заедно со 93-те собрани месецов, проектираната бројка од 711 крвни единици според годишниот план за 2014 е веќе надмината за 10 единици, изјави Дарко Пешевски, секретар на ОО на Црвен Крст од Крива Паланка.

praznici

Би можело да ве интересира

Во 2025 година пет продолжени викенди

Катерина Ѓуровски01/01/2025 - 08:26

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Катерина Ѓуровски30/12/2023 - 16:05

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on26/12/2023 - 19:58

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска31/05/2023 - 09:13

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска19/05/2023 - 15:57

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска19/05/2023 - 15:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен