ОЈО Струмица предложи казни од по 500 евра за 25 лица за непочитување на полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Струмица до струмичкиот Основен суд поднесе предлози за издавање казни во висина од по 500 евра за 25 лица кои непостапувале според здравствени прописи за време на епидемија.

– Обвинетите не ги почитувале одлуките и мерките на Владата на Република Северна Македонија со кои се забранува движење на населението на територијата на државата. Со тоа, секој од нив, во одделни кривично правни настани, не постапил согласно прописите за сузбивање или спречување на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот, поради која е прогласена пандемија, се вели во соопштението од ОЈО.

Сите се товарат за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Струмица за секој од обвинетите предложи судот да изрече парична казна во висина од по 50 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 10 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Струмичанец прво се обиде да ја отруе сопругата, а потоа со нож и нанесе повреди на вратот

Горан Наумовски

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот