ОЈО поведе постапка за дилер на дрога од скопско Арачиново

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице од скопско Арачиново, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога кокаин.

– При извршен претрес во просториите на домот во кој живеел осомничениот и во подрумските простории пронајдени се вкупно 128,63 грама наркотична дрога – кокаин. Дрогата била подготвена за продажба во црна торба и поделена по полиетиленски кеси. Кај осомничениот при претресот од страна на службени лица е пронајдена и дигитална вага, како и поголем износ на парични средства, информираат од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, се наведува во соопштението, ценеше дека се исполнети законските основи, па до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице, кое се гони за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

„Политико“: Белгија се претвори во нарко-држава

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

(ВИДЕО) Трамп: Ќе ги убиеме сите што внесуваат дрога во САД

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

Голтна кеса со дрога додека бегаше од полицијата

А1он