А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ОЈО Гостивар побара притвор за лице кај кое е пронајдено оружје

by А1он21/11/2018 - 11:32135
Share0

Триесетгодишен државјанин на Албанија се сомничи за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, информираат од основното јавно обвинителство Гостивар.

Добивај вести на вибер

Како што појаснуваат оттаму, полицијата извршила претрес на место каде престојувал осомничениот, кој илегално бил на територијата на Република Македонија. Притоа пронајдени биле автоматска пушка „калашников“ и рамка со дваесет куршуми, како и повеќе предмети чие потекло се истражува, а за кои постојат сомнежи дека потекнуваат од други извршени кривични дела.

Од обвинителството велат дека постапката продолжува во насока на утврдување евентуално учество на 30-годишниот Албанец и во други кривични настани.

Во меѓувреме, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар доставил предлог за определување на мерка притвор за осомничениот. Судот со решение го прифатил предлогот и на 30-годишникот му определил притвор во времетраење од 30 дена.

gostivaroruzje

Би можело да ве интересира

Трамп условува воена помош: Повеќе инвестиции во одбраната за пристап до американско оружје

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:20

Спречен крвав план: Најдени се пиштоли и автоматскa пушкa кај група која планираше одмазда за осудени терористи

Горан Наумовски07/02/2026 - 13:1207/02/2026 - 13:56

„Нова ера“ на затворскиот криминал: Специјализирани банди со дронови доставуваат дрога и оружје

Горан Наумовски04/02/2026 - 18:49

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:25

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Горан Наумовски08/01/2026 - 13:05

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен