ОЈО: Да се изберат тројца онколошки пациенти кои ќе имат увид во целата постапка

Од:

По барањето на неформалната организација „Протест против убиството на Онкологија“, обвинителството да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела, од ОЈО преку соопштение велат дека ќе преземат дополнителни чекори за обезбедување на максимална транспарентност и отчетност на постапката.

„Врз основа на барањето на онколошките пациенти изнесено на средбата која се одржа на 7 септември, Обвинителството денеска ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејствија. Пациентите ќе треба претходно да потпишат изјави со кои ќе се гарантира тајноста на постапката и на личните податоци во кои ќе имаат увид. Начинот на избор на пациентите е оставен на нивните претставници кои го изнесоа ваквото барање“, велат од ОЈО.

Од таму посочуваат дека се преземаат сите дејствија за обезбедување на докази со цел проверка на наводите од предметот.

„Основното јавно обвинителство Скопје ги охрабри сите граѓани кои имаат сознанија во врска со овој предмет, да ги пријават на надлежните органи. Во текот на денешниот ден, надлежниот јавен обвинител телефонски го контактираа 10-тина граѓани, кои сакаат со свои сознанија да и помогнат на постапката. Во таа насока, од самиот почеток е вклучен и лекарски и друг медицински персонал“, стои во соопштението на обвинителството.

Би можело да ве интересира

Анел Фидоски е избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје

Горан Наумовски

Избор на нов обвинител на ОЈО Скопје: Бубевски повторно во трка

Горан Наумовски

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Тополова-Исајловска едногласно именувана за вршител на должност Државен јавен обвинител

Горан Наумовски

Сведок од ФЗО: Поради зголемен број пациенти се бараа повеќе пари за онколошка терапија

Горан Наумовски

Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ