ОЈО: Четири лица под истрага во Прилеп за кривично дело насилство

Од:

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, поради постоење основано сомнeние дека сториле кривично дело насилство. Лицата се осомничени дека на 3 ноември годинава во Прилеп, во присуство на голем број граѓани, ја загрозиле сигурноста и нанеле тешки телесни повреди на двајца оштетени.

Од Јавното обвинителство во денешното соопштение информираат дека по претходна вербална расправија помеѓу оштетените и еден од осомничените, тој телефонски ги повикал останатите осомничени и со патничко моторно возило марка „Лада” започнале да ги бараат оштетените низ градот.

Откако ги пронашле, како што се наведува во соопштението, се симнале од возилото и се упатиле кон оштетените. Тројца од осомничените во рацете држеле дрва со должина од еден метар, додека еден во рацете имал нож со должина од 30 сантиметри. Сите четворица започнале да ги удираат оштетените лица по главата и телото. Притоа на едниот оштетен му нанеле животно загрозувачки повреди како последица на кои тој е неконтактибилен и се одржува во живот со помош на апарати, додека на второто нападнато лице му нанеле телесни повреди изразени со набиеници по главата и телото. Со ваквите дејства осомничените во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

-Со оглед на тоа што надлежниот обвинител процени дека за тројца од осомничените постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и основан страв дека ќе ја попречуваат кривичната постапка и ќе влијаат врз сведоците, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп беше доставен и Предлог за определување мерка притвор за овие лица, се наведува во доопштението од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Петмина скопјани се под истрага на Обвинителство – ја поддржуваат идеологијата на ИСИС

А1он

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

ОЈО бара притвор за Богоев, осомничен е дека примил мито од над 111.000 денари

А1он

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски