Охридскиот кеј полн: носењето маски под брада и муабетењето со познаници начин за ширење на вирусот

Од:

Охрид полн и во ноември, а туристите заедно со жителите, сончевото време го искористија за прошетки на кејот покрај Охридско Езеро. За разлика од минатите години кога во овој период од годината кога улиците се празни, викендов градот е полн. Гости има и во кафулињата и рестораните. Голем дел од оние кои се рекреираат не ја почитуваат мерката за задолжително носење на маски и на отворено или пак, ја носат маската под брада. Ваквото однесување и натаму ќе го зголемува бројот на заразени луѓе низ цела држава, оценува Сашо Точко, директор на Центарот за јавно здравје-Охрид.

На кејот на Охридското Езеро гужва има од рано утринава. Поради тоа, тешко се одржува и задолжителната дистанца од два метри. Деца, родители со бебиња, но и пензионери можат да се затекнат на клупите. За ред муабет, многумина ги вадат и маските и покрај ризиците да се заразат со коронавирусот. Полиција не можеше за се забележи.

Директорот на Центарот за јавно здравје – Охрид, за „А1он“ вели дека безпотребното излегување од дома, неносењето маски, не сведувањето на контактите на минимум ќе донесат поголем број на заболени во целата држава.

„Без сведување на контактите на минимум, излегувањата по кафеани и ресторани, вирусот ќе се шири. Ако се почитуваат мерките кои се донесени, сега немаше да го имаме овој број на заболени. Охрид е меѓу градовите кој двојно, тројно ја има зголемено бројката во последните 15 дена“, вели Точков.

Тој посебно напоменува дека треба да се има во предвид дека во последните две недели, забележително е криење и на контактите кои заразените со коронавирусот ги имале, а не ги споделиле со епидемиолозите. Според Точков, тоа е уште еден од ризиците на ширење на вирусот.

„Многу е ризично и проблематично ова што ни се случува последните 15 дена. Голем број на заразени ги кријат контактите. Голем број од анкетираните не ја почитуваат изолацијата, не се искрени ниту во наведување на контактите од најразлични причини. Има случаи и кога лица наведени како контакт на заразени со коронавирус, наместо во изолација, шетаат надвор. Имаме проблем и со тестирањата. На пример, суспектен случај од друг град, во понеделник закажува термин за тестирање во среда. Додека да дојде терминот за тестирање, тој нашол друг начин да се тестира, преку општа болница или на приватно. Но, не го откажува терминот и тој се губи, бидејќи е зафатен и не може друго лице да се тестира“, потенцира Точко.

Инаку, минатиот месец, Владата донесе одлука за задолжително носење на маски на отворено, а Собранието ја изгласа заедно со другите законски измени на Законот за заштита на населението од заразни болест. За неносење на маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска