Охридски погребник продал гробови, а парите си ги ставил во џеб

Од:

Вработен на охридските градски гробишта измамил двајца жители на градот, откако им продал две гробни места, продажбата не ја евидентирал, а парите си ги ставил во џеб, соопшти полицијата.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(52) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење“. Пријавениот во својство на службено лице вработено во ЈП„Градски гробишта“-Охрид, по склучување на два договори за купување на гробни места издал службена каса-прими документ и фискални сметки, а потоа свесно не го завел лицето како сопственик на гробните места во службените евиденции.

Фискалните сметки ги сторнирал, каса-прими документот го прикрил, а парите не ги предал во службената благајна и противправно ги присвоил за себе, со што нанел штета на Јавното претпријатеие во износ од 92.000 денари, се вели во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Бугари измамиja 79-годишна жена кај Дубровник – и собраа 8.000 евра за „операција на нејзината внука“

А1он

Екс вработен во Катастар измами скопјанка за околу 2.000 евра за приватизација на земјиште

А1он

Во Белград се уапсени измамници од Македонија и Франција

Горан Наумовски

Пензионери се мета на лажни лекари – во Пирот е уапсен бугарски државјанин кој измами старица

А1он

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он