Охридската бомба „ќе пука“ по Велигден

Од:

Охрид и Штип следните градови во кои ќе одекнат „бомбите“ на СДСМ, во рамките на „Вистината за Македонија“.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев претходно изјави дека новиот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески треба да замине, или во најмала мера да се посрамоти откако ќе одекне вистината како тој дошол до градоначалничката функлција.

Тематските прес – конференции кои СДСМ ги прави низ градовите во земјава, се посветени на локални теми, а на нив се објавуваат прислушкувани материјали.

„Бомбите“ веќе одекнаа во Струмица, Куманово, Прилеп и во Битола.

Паралелно со локалните „бомби“, СДСМ ќе оддржува прес – конференции и од централата во Скопје, каде лидерот на партијата Зоран Заев ќе обелоденува нови делови од „Вистината за Македонија“.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците