А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

„Охрид СОС“: Наместо стопирање на урбанистички хаос, новиот закон за легализација носи намалување на казните

by Кристијан Ландов09/12/2019 - 12:4109/12/2019 - 12:49755
Share0

Невладината организација „Охрид СОС“ реагира на носењето на новиот закон за легализација на дивоградби, за кој тврдат дека носи само намалување на глобите за прекршување на законот и нема никакви посебни измени посебно за Охридскиот регион. Тие се сомневаат дека законот може да донесе нов урбанистички хаос, бидејќи не е прецизирано како ќе се регулира легализацијата во Охрид, Струга и Дебарца, односно деловите надвор од УНЕСКО.

Добивај вести на вибер

„Јавноста е целосно отсечена и целосно ѝ е одземено правото да учествува во процесот на усвојување на еден од најштетните закони во Македонија. Затоа, бараме веднаш да биде јавно објавен новиот предлог-текст. Прашуваме, колку градежни инспектори (и општински и државни) во моментов имаат надлежност над Охридскиот регион и на кој начин се определува нивниот број? Имајќи ја предвид исклучителната вредност на регионот, бараме зголемување на бројот на градежни инспектори што активно работат на терен во корист на јавниот интерес и во служба на законите со цел бесправното градење да се сузбие наместо да се озаконува“, велат од „Охрид СОС“.

Еко-здруженијата стравуваат дека овој закон дополнително ќе го загрози УНЕСКО-статусот на охридско-струшкиот регион. Владата минатиот месец усвои потреба за донесување на нов закон за легализација на дивоградби. Предлог-законот ги опфаќа и дел од охридските дивоградби, но не оние кои се во делот на регионот заштитен од УНЕСКО. Оттука, се погласни се тврдењата дека Охрид во февруари, сака пред Комитетот на УНЕСКО да покаже помалку дивоградби од утврдените во регистарот кој го изработи годинава.

divogradbiohridohrid sos

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Катерина Ѓуровски30/12/2025 - 08:09

Земјотрес во Охрид

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:53

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Горан Наумовски14/12/2025 - 11:24

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

Горан Наумовски14/12/2025 - 09:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен