Порталот Охрид Скај тврди дека дека помал дел од вработените во МТВ земаат пари познатиот начин, дел на картичка, значи официјални, а поголем дел на рака во плико.
„Пликоата, дознаваме дека се посебно „дебели“, за новодојдените „ѕвезди“ од А1, кои наводно ќе ја оправале куќата, ќе вметнеле нова програмска шема , која би допринела поголема гледаност, но тоа никако да им успее.
Хонорарите и за досегашната неработа и шетање им се прилично големи.
И овие ѕвезди, не знаат да работат во условите на МТВ, за нив се опремуваат специјални студија, се набавуваат и изнајмуваат скапи кранови.
И она за што најповеќе се реагира, е што ги потценуваат вработените, кои биле лојални досега, кои работеа и работат колку за минимална плата, и кои сиве овие години со месеци не земаа плата , па сепак остануваа во куќата.
Вработените реагираат дека , како и секогаш, пари и услови ќе има само за поединци, а се друго ќе значи перење на пари, како што се документарците за независноста, кои за огромни пари со материјали од Документацијата на МТВ, ги правеше агенција, блиска на власта“, пишува Охрид Скај.
Според порталот, вработени од МТВ информирале дека текстовите за вестите, им стигнуваат како готови, пратени на пораки од Центарот на ВМРО или директно од Влада од Мартин Протуѓер, а нивно било само да ги исчитаат.
„Вработените реагираат и на огромните суми кој му се исплаќале на Слободан Томиќ за неговата емисија „Гласот на народот„ кој во МТВ имал толкава голема слобода ,што буквално сите вработени му биле потчинати и морале да ја удоволат неговата желба, изјавува изворот на ОхридСкај.