Огинар до ГДОМ: Ако барате велепредавници, на листата да го ставите Груевски

Од:

Професор Нестор Огинар, член на ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на партијата и член на задграничните комитети на ВМРО ДПМНЕ во САД и упати лична порака на членовите на ГДОМ по повод нивната најнова иницијатива за собиранје потписи за да се прогласи Зоран Заев за велепредавник со декрет на народот.

Еве што напиша Огинар:

nestorStatusO

Во името на Бога, во името на најсветитие македонски идеали, во името на неотуѓивото право на секој поединец да размислува со својот сопствен ум и суд, ве молам да престанете со злоупотребата на чесниот македонски народ и да ја ползувате неговата љубов за Македонија за политички цели на онаа партија и власт во чиј што скут сте ставени по ваш избор.Се срамам од вашиот најнов обид да фрлате прашина во очите на македонскиот народ денес кога за нив е неопходно потребно да ја видат вистината со широко отворени очи!Се срамам од вас, затоа што сите вие сте интелектуалци кои што треба да бидат стрелката на моралниот, етичкиот , националнот компас на Македонија.

Јас не познавам држава или општество во кое една интелектуална елита каква што вие треба да бидете, со своите постапки, се става во одбрана на нешто што е неодбранливо ниту пред бога ниту пред закон, ниту пред Устав. Ако вистински сакате да го прогласите Зоран Заев за велепредавник на Македонија, тогаш зошто тоа не го барате да го стори власта во Македонија.?Зошто не барате од соодветните институции како Јавното обвинителство, судот и др. да поведат постапка против Заев?Зошто не барате од власта, од Владата да делува согласно законските прописи и норми?Зошто се криете исплашено, кукавички и неморално зад македонскиот народ од кого барате суд и осуда за нешто за кое вие знаете дека е во доменот на власта?

Не постои пример во светот каде што се собирале потписи некоја личност да се прогласи за велепредавник.Велепредавството е чин за кој одговор треба да најде државата.

Зошто вие, бедни слуги на еден криминален режим му ја префрлате моралната и уставна одговорност на народот и барате од него да потпише нешто за кое што треба да се грижат оние кои што тој ист народ ги избрал?Знаете што?.Вие не сте достојни да бидете моралниот компас на нашиот измачен и изневерен народ.Со вашата постапка вие само го браните криминалното владеење на една од најлошите Влади во Македонија.

Да, во право сте…Зоран Заев е велепредавник, но единствено ако на таа листа пред него го ставите и вашиот политички патрон Никола Груевски. Да,и понатаму, Заев е велепредавник ако на таа ваша листа за која барате потписи од народот го ставите и Љубчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Киро Глигоров, Али Ахмети и Мендух Тачи и уште една цела армија на политичари кои за последниве 25 години работат единствено за нивните лични, партиски, етнички и други цели, се освен за доброто на Македонија и македонскиот народ.

И за на крај…ова ваша последна недолична , неморална постапка само го подготвува теренот на кој што Владата за која вие работите го спрема Референдумот за промена на нашето име МАКЕДОНИЈА.

Во едно се согласувам со вас.А тоа е дека Заев заслужува а биде прогласен за велепредавник,но единствено според Уставот и законот на македонската држава за чиј што углед и интегритет и вие морате да се борите и залагате наместо да бидете слуги на една власт која го изгуби мандатот да владее со Македонија како суверена, слободна и демократска држава!

Проф.Нестор Огинар

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска